За Нас
Економско-правно биро КОМПАНИЈА НМ Скопје е доверлив консултантски партнер со повеќе од 25 години искуство во економската и правната сфера. Од 1997 година, обезбедуваме стручна, сигурна и резултатски ориентирана поддршка за компании, инвеститори и индивидуални претприемачи.
Детали за позицијата
Помошниот административен работник извршува административни, канцелариски и секретарски задачи со цел обезбедување непречено функционирање на деловната администрација.
Работни задачи и одговорности:
- Прием и испраќање на пошта и документација
- Водење деловна евиденција и архивирање
- Подготовка на документи, дописи и извештаи
- Јавување на телефон и комуникација со странки
- Организација на состаноци и деловни активности
Квалификации
- Средна или висока стручна спрема
- Познавање на работа со компјутер (MS Office)
- Комуникациски и организациски вештини
- Одговорност и професионален однос