За нас
Економско-правно биро КОМПАНИЈА НМ Скопје е доверлив консултантски партнер со повеќе од 25 години искуство во економската и правната сфера. Од 1997 година, обезбедуваме стручна, сигурна и резултатски ориентирана поддршка за компании, инвеститори и индивидуални претприемачи.
Детали за позицијата
Овластениот сметководител е одговорен за целокупното финансиско и материјално сметководство на компанијата, законската усогласеност и точноста на финансиските евиденции. Ја организира и контролира сметководствената работа и обезбедува навремено и прецизно финансиско известување.
Работни задачи и одговорности:
- Книжење на финансиски и материјални документи
- Контрола на влезни и излезни фактури
- Изработка на завршни сметки, биланси и финансиски извештаи
- Следење на законски прописи од областа на сметководство и финансии
- Пресметка на плати, даноци и придонеси
- Комуникација со банки, институции и УЈП
- Контрола на работењето на сметководствениот тим
Квалификации
- Висока стручна спрема – економски факултет
- Лиценца за овластен сметководител
- Одлично познавање на материјално и финансиско работење
- Познавање на сметководствени софтвери
- Одговорност, прецизност и доверливост