За Нас
Економско-правно биро КОМПАНИЈА НМ Скопје е доверлив консултантски партнер со повеќе од 25 години искуство во економската и правната сфера. Од 1997 година, обезбедуваме стручна, сигурна и резултатски ориентирана поддршка за компании, инвеститори и индивидуални претприемачи.
Детали за позицијата
Помошник сметководителот обезбедува поддршка во секојдневните сметководствени активности и води евиденција за материјалното и финансиското работење на компанијата.
Работни задачи и одговорности:
- Книжење на фактури и останата документација
- Евиденција на влезно–излезни документи
- Помош при подготовка на финансиски извештаи
- Следење на состојба на залихи и материјално работење
- Архивирање на сметководствена документација
Квалификации
- Висока или средна стручна спрема – економска насока
- Познавање на материјално и финансиско работење
- Основно познавање на сметководствени програми
- Организираност и прецизност
- Способност за тимска работа