Сметководство

Сметководствени услуги што носат сигурност и раст

Дали ви е потребен партнер што ќе се грижи за вашите финансии со прецизност, доверба и целосна усогласеност со законските прописи?

Нашиот тим на искусни сметководители ви нуди комплетна поддршка за вашето деловно работење – од основање на фирма до месечна евиденција, пресметка на плати и даночна оптимизација.

Нашиот спектар на услуги опфаќа целосна сметководствена и административна поддршка, вклучувајќи уредно водење на деловната документација, подготовка и поднесување на сите даночни пријави , пресметка на плати, договори на дело и хонорари, основање на компании и спроведување на сите промени во Централниот регистар, даночно советување и оптимизација, како и професионална поддршка при инспекциски контроли и ревизии.
Водење на деловни книги (едноставно и двојно сметководство)
Изработка и поднесување на ДДВ, персонален и завршна сметка
Пресметка на плати, договори на дело и хонорари
Регистрација на фирми и промени во Централен регистар
Даночна консултација и оптимизација
Поддршка при инспекциски надзори и ревизии
Контактирајте нè денес и добијте консултација!
Зошто да не одберете нас?

Без разлика дали сте стартап, мал бизнис или странска компанија што влегува на пазарот, ние сме тука да ви помогнеме да растете со финансиска стабилност и јасна слика за вашето работење.

Прилагодени решенија според големината и дејноста на вашата фирма
Доверливост и усогласеност со сите законски регулативи
Навремена и точна евиденција – без стрес и казни
Онлајн поддршка и дигитална комуникација – каде и да сте